АМС: Комеморација во чест на легендата на пливањето Нико Нестор!

Loading

Агенцијата за млади и спорт во Музејот на Македонската борба организираше комеморацијата во чест на ликот и делото на предводникот на македонското маратонско пливање, Нико Нестор, човекот кој е прв Македонец кој го препвлива Охридското езеро и каналот Ла Манш.

N iko Nestor (2)

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески во своето емотивно обраќање изрази сочуство на семејството Нестор нагласувајќи дека за него е големо задоволството што лично го познавал големиот Нико.

“Нико Нестор е основоположник на македонското маратонско пливање и прв Македонец што го преплива Ла Манш. Тој беше предводник на славната генерација македонски пливачи маратонци заедно со Климе Савин, Атина Бојаџи и Дики Бојаџи кои ги поставиле основите на македонското маратонско пливање.

Ја имав таа среќа и привилегија лично да го запознаам на почетокот откако дојдов во Агенцијата за млади и спорт. Сосема спонтано, на еден настан ми пријде и со неговата космополитска скромност ми се претстави, ненаметливо и пријателски поразговаравме за сосема обични теми во спортот.

Во тој момент ја почуствував енергијата на еден шампион, кој сеуште, иако имаше 80 години, сеуште не го загубил жарот и спортскиот дух, обидувајќи се на секаков начин да помогне и да врати во спортот.

N iko Nestor (4)

Знаев дека добив личен пријател и знаев дека Македонија има спортски великан, кој отсекогаш бил и засекогаш ќе остане во спортот”.

Во една прилика, кога го прашав за неговиот најголем дострел, ми го откри следново:
откри следново:
“Додека се обидував да го препливам каналот Ла Манш се навраќав на пресвртните моменти од мојот живот, кој, изгледа единствено би добил смисла доколку успеам во својатата мисија.

За надминување на каналот потребни се натчовечки издржливост како и врховна среќа. И како реномиран пливач на долги патеки, чии рекордни времиња беа ненадминати скоро една деценија, предизвикот да го освојам Ла Манш беше искушение.

Препливањето на оваа патека беше еквивалентно на искачување на Монт Еверест. Мојот сон стана реалност”.

За неговата личност и дело зборуваа дел од неговото семејство, а свое емотивно обраќање имаше градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, како и Иван Заров- директор на Национална универзитетска библиотека “Свети Климент Охридски”.

N iko Nestor (1)

Нико Нестор беше носител на највисокото спортско признание што го доделува Агенцијата за млади и спорт, НАЦИОНАЛНО СПОРТСКО ПРИЗНАНИЕ – СПОРТСКА ПЕНЗИЈА.

Не пропушташе спортски настан, кога и да добиеше покана од Агенцијата за млади и спорт, секогаш доаѓаше со задоволство.

Нико Нестор, кој веќе не е со нас, остави аманет за љубов кон спортот, чесен и правилен однос спрема блиските и пријателите, смелост, упорност, истрајност и способност за тимска работа.

За напомена е фактот што неговото ценето семејство ја продолжува спортската, пливачка традиција и неговите наследници на најдобар можен начин ќе го спомнуваат името и делото на Нико Нестор.

Нико тоа го заслужува… Слава му!