Фудбалерот на Пари Сен Жермен Лео Меси реши да го продаде својот луксузен пентхаус во „Порше дизајн кулата“ во Мајами, Флорида.
Аргентинецот нема многу слободно време да ужива во оваа величествена зграда, па реши да се откаже од неа.
Според американските медиуми, Меси го продава имотот за седум милиони долари. Фудбалерот на ПСЖ во 2019 година купил пентхаус за пет милиони долари, што значи дека на продажба ќе заработи два милиони.
Ова е единствената зграда каде што можете да го паркирате вашиот автомобил на 51-ви кат, веднаш до вратата на вашиот стан, благодарение на ексклузивниот лифт за автомобили.
Се е полно со луксуз… Панорамскиот поглед се простира од секоја соба од станот, на терасата има базен, има сауна, билијард, мини кино…
Оваа неверојатна зграда, покрај многуте интересни содржини, има и импресивна виртуелна спортска сала!