ВИДЕО: Стадион на иднината – Потрошени ќе бидат 600 милиони евра!

Loading

Од јуни 2020 година, Реал Мадрид ги игра своите домашни натпревари на стадионот Алфредо ди Стефано, практично, на помошниот терен на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Причина за тоа е реновирањето на познатото здание старо 73 години, кое трае од минатото лето. Случајно, поради пандемијата на коронавирус, натпреварите во Шпанија, како и низ цела Европа, се играат без присуство на гледачи, па преселбата на многу помалиот стадион помина без поголеми последици.

Планот на клубот беше „Сантијаго Бернабеу“ да биде подготвен за натпревари во јануари 2023 година.

Од јуни 2020 година, работата се одвиваше без престан, се играа натпревари, но бидејќи „Бернабеу“ сеуште не е целосно реновиран, капацитетот е намален на 50.000, а поради мерките против пандемијата на коронавитус на 30.000 навивачи.

Среде пандемијата на коронавирус, која финансиски сериозно ги потресе клубовите низ целиот свет, Реал Мадрид не се откажа од големиот проект на стадионот. Според информациите, реновирањето на „Сантијаго Бернабеу“ чини 600.000.000 евра!

Што има ново на Сантијаго Бернабеу?

– Во Мадрид, тие очекуваат дека стадионот ќе биде домаќин на разни настани дури 300 дена во годината (натпревари на Реал Мадрид, кошаркарски и тениски натпревари, концерти, конференции, спортски турнири)
– Покривот ќе може целосно да се затвори, а теренот лесно може да се „скрие“ по потреба
– Изведувачите успеаја да „додадат“ уште 4.000 седишта
– Во рамките на стадионот, ќе има трговски центар, клупски музеј, продавници, ресторани и зелен простор каде што ќе се соберат навивачите пред натпреварите.
– Урнати се две кули од надворешната страна на стадионот, но наместо тоа веќе се изградени нови
– Подготвени се нови соблекувални, како и прес-ложи со сите потребни технички работи
– Беше работено и на обезбедувањето, новите влезови се пошироки од старите, и беа преземени чекори во случај на инцидент

Погледнете како ќе изгледа стадионот на Реал и што се ќе има во него…