ЗБОГУМ за ПАНДЕВ и АНГЕЛОВСКИ – Ова е новиот капитен и новиот селектор на Македонија!

Loading

Македонија го заврши своето деби на европското првенство со последниот меч во Амстердам против домаќинот Холандија неславно со пораз од 3-0 на арената Јохан Кројф.

Нашата репрезентација беше решена со победа да се опрости од ова ЕП и во голем стил да го испрати капитенот Горан Пандев во репрезентативна пензија, но во намерите не успеа.

Горан Пандев дводецениската репрезентативната кариера ја заврши со 122 настапа и 38 погодоци и ќе биде запишан во историјата на македонскиот фудбал како прв фудбалер кој постигнал гол на дебитантскиот настап на Македонија на големите собири.

Го доживеавме и третиот пораз во нашата група и со три порази се враќаме дома со големо искуство.

Еуро 2020 беше првиот голем меѓународен турнир за Македонија како независна држава, а селекторот Ангеловски изрази задоволство од успехот и покрај трите порази во групната фаза на првенството.

Во првите две кола Македонија загуби од Австрија со 3:1 и Украина со 2:1.

По натпреварот заминување од репрезентацијата најави освен капитенот Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски на кој му завршува договорот со репрезентацијата, како и Велковски и Тричковски.

Веќе познати се имињата на новиот капитен и новиот селектор на А репрезентацијата. Нов капитен ќе биде Стефан Ристовски, а нов селектор ќе биде Боби Милевски кој досега ја водеше младата репрезентација на Македонија.