Во последните неколку недели се шпекулираше дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната.
Португалецот не сакаше да ги коментира гласините за напуштање на Торино, но со еден потег ги разбуди „духовите“ во Италија.
Камерите го фатија Роналдо како ги товари своите луксузни автомобили во камиони среде ноќ. Ова е јасен показател дека процесот на преселба од Торино започнал.
🚨🚨 Cristiano Ronaldo's cars are being loaded by a portugese moving company for transport in the middle of the night, the same way they have arrived in Turin 3 years ago. pic.twitter.com/EupGjQkrVW
— Everything Cristiano (@EverythingCR7_) May 17, 2021
Италијанските медиуми јавуваат дека Португалецот полека ги спакува куферите и се сели на нова дестинација.
Роналдо има уште една година договор со Јувентус, но неговата годишна плата од 31 милион евра е огромен товар за буџетот на Старата дама, па клубот од Торино нема да му направи проблем доколку сака да ја смени средината.
36-годишниот фудбалски ас беше убедливо најдобар играч на Јувентус и оваа сезона, постигна 29 голови, но неговиот тим не се прослави.
Тие беа елиминирани на почетокот од нокаут фазата во Лигата на шампионите, и во моментов се наоѓаат на 5-та позиција во Серија А.