МЗТ Скопје славеше во градското дерби против Работнички со 83-82 во Градски парк

Loading

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва го совладаа најголемиот ривал Работнички на гостински терен со резултат 83-82.

????????????????????????????????????

МЗТ Скопје одлично го започна првото полувреме каде имаше и 16 поени предност, но сепак криза во играта имаа во третата четвртина кога Работнички направи целосен пресврт.

Сепак финишот го донесе победникот во овој дуел. Миљан Павковиќ со две тројки од табла во последната минута внесе неизвесност на крајот, но гостите, сепак, излегоа како победници во пенал-завршницата.

Марко Ѓурковиќ имаше можност да изедначи на две секунди до крајот, но го промаши второто слободно фрлање, за конечни 82-83 за аеродромци.

Работнички имаше проблем со шутот од линијата за слободни фрлања, од каде што промашија дури 14 пати, а Чековски поради пет прекршоци ја напушти играта во првата половина од последната четвртина.

????????????????????????????????????

Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Александар Чапин со 22 поена, Марко Симоновски и Предраг Самарџиски реализираа по 17 поени, а Урош Лучиќ постигна 14 поени и 7 скока.

Кај Работнички најефикасен беше Чековски со 24 поени, Тодор Гечевски постигна 19, а Павковиќ 18 поени.

Во другите средби победи на домашните екипи, Кожув го победи Карпош Соколи со 83-75, а Куманово го доби Фени Индустри со 85-76.

МЗТ Скопје сега е во убедливо водство на табелата во Суперлигата со 37 бода, пред Работнички кој има 35 бода и Куманово со 34 бода.