Шпанскиот репрезентативец, Серхио Љуљ, нема да биде во можност да настапи на ЕП 2017 поради тешка повреда.
Плејмејкерот на Реал Мадрид доживеа тешка повреда на пријателскиот натпревар со Белгија, кој Шпанија го загуби со 71:89.
Љуљ на мечот со Белгија ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото поради што ќе паузира од 6 до 9 месеци.
Тој на социјалните мрежи им порачал на своите фанови дека ќе се врати откако дознал колкава пауза го чека.
Европското кошаркарско првенство ќе се одржи од 31 август до 17 септември на кое Македонија нема да игра.