Aктуелниот светски шампион во Мото ГП, возачот на Репсол Хонда Марк Маркез подлегна на операција на малиот прст поради фрактура со која се здоби за време на тренингот со својот крос.
Веднаш по повредата Маркез бил префрлен во болницата во Барселона каде реномираниот Др. Хавиер Мир извршил успешна операција.
Иако од Хонда во првичното соопштение „не ја исклучија можноста Маркез да настапи во Херез“, последните информации говорат дека Шпанецот ќе биде подготвен за битка на домашната трка.
Првичните 24 часа по операцијата во која е вметната титаниумска плочка која ја спојува коската од раката со малиот прст се веќе изминати и се поминало според очекуваното.
За ваква повреда типичното време за заздравување кај „обичните“ пациенти е 4-6 недели, кај тркачите тој период се сведува на 2-3 недели, но сепак Маркез нема ни цела недела до возбудувањата во Херез но добро е тоа што повредата е на неговата лева рака и малиот прст па веројатно нема да има поголеми проблеми во контролата на својата Хонда.
Викендов се четвртата возудлива рунда од годинешниот МотоГП шампионат во која се надеваме на повторна борба помеѓу Роси и Маркез, но и рунда во која е време да се врати Хорхе Лоренцо во игра.
Да не ги заборавите и возачите на Дукати кои можат да се вклучат во борбата за првата позиција.