Невообичаени сцени се случија на натпреварот помеѓу Гронхарт и Григоријан на Глори 42 вечерта во кик-бокс.
До крајот на дуелот имаше уште три минути, кога Харут Григоријан се сврте и отиде во аголот од рингот!
Гронхарт тоа го искористи и со силен удар одзади, го нокаутираше несреќниот боксер кој остана да лежи во локва крв.
Публиката одлучи да ги преземе работите во свои раце, па повеќе луѓе влегоа во рингот да се пресметаат со Гронхарт и почнаа да го удираат со тупаници.
Целата случка потоа се претвори во сеопшта мешаница и скандал што за чиста среќа не заврши фатално по било кој што се најде таму.
Погледнете што се случи…
https://www.youtube.com/watch?v=BMEBP9gTipk