Вардар е на чекор до титулата во ПМФЛ откако со 2-0 славеше на градското дерби со Работнички

Loading

Се комплетираше 27-то коло во фудбалското првенство на Македонија, а во пресрет на разигрувањето за титулата Вардар го совлада градскиот ривал Работнички со 2:0.

vardar-rabotnicki

На арената Филип Втори лидерот Вардар беше поуспешен од градскиот ривал Работнички совладувајќи го со 2:0, со што сега предноста на црвено-црните изнесува 6 бода.

Дербито беше решено уште во првото полувреме кога со головите на Влатко Гроздановски и Дејан Блажевски, вардарци стигнаа до победа и нови три бода во трката за шампионската титула.

ВО другите средби, убедлива беше и Шкендија на гостувањето во Турново и забележа победа од 4:0, а стрелци на головите за тимот од Тетово беа
Бојан Вручина, Арменд Алими, Христијан Кировски и Виктор Јуфо.

Веќе в недела почнува завршниот дел од сезоната во домашното првенство, а во првото коло од разигрувањето Вардар го пречекува Металург, Работнички е домаќин на Силекс додека Шкендија се соочува со Ренова.

Во плеј аутот ќе играат Хоризонт Турново – Тетекс и Брегалница – Пелистер.