Стерлинг нема намера да го продолжи договорот со Ливерпул па челниците на клубот се решени летово да го продадат една година пред да му истече актуелниот договор.
Фаворит во трката за потписот на Стерлинг се споменува Арсенал, кој е подготвен да плати солидна сума на пари и плус во траснферот да го вметне Тео Волкот.
„Топчиите“ нудат 27,5 милиони евра и плус Волкот, кој речиси нема минутажа кај Арсен Венгер.
Стерлинг имаше блескав старт на сезоната, но неговата форма падна штом почнаа и преговорите околу новиот договор.
Младиот фудбалер одби плата од 180.000 евра неделно од Ливерпул и веќе е јасно дека неговата иднина е надвор од „Енфилд“.