Тенисерот Надал и атлетичарот Фарах вмешани во допинг скандал!

Loading

Шпанскиот тенисер Рафаeл Надал и британскиот атлетичар Мо Фaрах се наоѓаат на листата спортисти на кои Меѓународната антидопинг агенција им дозволила да користат забранети лекови.

вада

Надал во 2009 година добил дозвола да го користи лекот бета-метазон, а од 2012 година добил дозвола, на секои три дена во дози од 1 mg да го користи лекот кортикотрофин.

Терапијата на Надал траела од 30 јули до 8 август, но тој уште на 19 јули се повлекол од Олимписките игри во Лондон.

Фарах добил дозвола да користи кортикостероид триамсинолон во октомври 2008 и во јули 2014 година.

nadal-farah-rose

Четирикратниот олимписки шампион на 5-10.000 м, во 2015 кога актуелен беше скандалот со неговиот тренер Саласар, рекол дека само еднаш користел забранети лекови, но како дел од терапија, односно користење забранети лекови со дозвола на WADA.

Руската хакерска група досега има објавено докумети за над 30 спортисти, кои откриваат дека WADA им дозволила да користат забранети лекови.

надал-фарах1

Имињата кои ги објави хакерската група се тенисерките Вилијамс, Квитова, гимнастичарката Бајлс, велосипедистите Фрум и Вигинс.

Хакерите тврдат дека TUE е „дозвола за допинг“ и дека WADA е корумпирана и измамничка организација.

вада1