Мат Хол ја зграби втората победа по ред на Red Bull Air Race

Loading

Австралијанецот Мат Хол постави најбрзо време од 53,642 секунди во последното возење на финалната четворка во трката на автодромот Еуроспидвеј Лаузиц од светската серија Red Bull Air Race.

долдерер

А бидејќи се зависеше од последниот пилот кој леташе, Германецот Матијас Долдерер, тешко беше да чујат авионите од извиците на поддршка од домашната публика.

Иако Германецот леташе со сето срце, неговото време од 54,417 секунди беше добро само за второ место, што ги остави навивачите без здив од исчекување.

Долдерер и Хол сега се прв и втор во генералниот пласман, додека Пит Меклиод од Канада го освои својот прв подиум во трка од 2016 година, завршувајќи како трет.

Ова беше втора по ред трка чиј расплет значеше „еден-два“ победа за Хол и Долдерер, со што Австралијанецот ја намалува разликата која неговиот германски противник ја имаше уште од април.

Со овој резултат на Хол, кој беше вицешампион за 2015 година зад Пол Боном, сега изби на второто место, односно пред шампионот од 2008 година, Ханс Арх.

Ниту еден од нив не може да го престигне Долдерер со поени од една трка, но до крајот на сезоната има две станици.

Драмата ќе продолжи на премиерната трка што Red Bull Air Race ќе ја има на легендарниот автодром Индијанаполис, по што ќе уследи финалето на сезоната во Лас Вегас.

Дополнително, Американецот Кирби Чемблис, кој моментално е четврт во генералниот пласман, исто така чека на своите пет минути пред домашната публика.

хол

,,Оваа патека му прилега на нашиот стил, но најубаво од се е што повторно сме во добро расположение.

,,Планот е „без грешки и секогаш брзо“. Немам што да изгубам: сум бил втор на светското првенство и порано и сум се тркал до самиот крај во Лас Вегас и претходно, но Матијас не го правел тоа.

,,Ќе одиме трка по трка, па ќе видиме што ќе се случи,- вели Хол.

Во трката од пониската класа на предизвикувачите, Германецот Флоријан Бергер ги воодушеви навивачите покрај ЕуроСпидвеј Лаузиц освојувајќи ја својата прва победа на домашен терен.

Табела: 1. Матијас Долдерер (Германија) 65,25 поени, 2. Мат Хол (Австралија) 48,75 поени. 3. Ханс Арх (Австрија) 41 поен, 4. Кирби Чемблис (САД) 30,25 поени, 5. Николас Иваноф (Франција) 30.00.