Шок за Надал…нема да игра на Вимблдон!

Loading

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал поради повреда ќе го пропушти гренслем турнирот во Лондон на терените во Вимблдон.

надал1

 

Надал се уште не се чувствува фит од повредата на рачниот зглоб, која го примора предвреме да се откаже и од настапите на Ролан Гарос.

„По направените прегледи и консултацијата со лекарите, донесов одлука да не настапувам на Вимблдон“, изјави Надал.

Многумина се прашуваат дали Шпанецот воопшто ќе успее да се врати во „белиот спорт“, бидејќи веќе подолго време се мачи со повреди.

Евидентно е дека тој е далеку од својата реална форма и од денешна гледна точка тешко е да се претпостави, дали тој повторно би можел да биде сметан за фаворит на еден поквалитетен турнир.