Велшанецот Рајан Гигс во Манчестер Јунајтед помина 29 години, како играч и помошен тренер.
Тој до скоро му беше асистент на Луј ван Гал, но сега ја нема таа позиција, бидејќи новиот тренер Жозе Мурињо на „Олд Трафорд“ го донесе долгогодишниот помошник Руи Фарија.
Се разбира на Гигс тоа не му се допаднало, па најверојатно ќе го напушти клубот.
По неговото враќање од одмор тој бил подготвен за нови предизвици, а целата кариера ја помина во Манчестер Јунајтед, откако во клубот дојде во 1987 година прво во јуниорскиот, а подоцна и во сениорскиот тим.
Гигс беше активен фудбалер до 2014 година, а една година претходно беше и играч и асистент на Дејвид Мојс, а потоа помошник на Холанѓанецот Ван Гал.
Во неговата кариера, 13 пати ја освоил Премиер лигата, 4 пати ФА Купот, 3 пати Лига Куп и 9 пати Комјунити шилд и титулата во Лигата на шампионите.
Во дресот на „Црвените ѓаволи“, Рајан Гигс одигра 963 натпревари и е легенда на клубот.