Едно од најлошите засилувања во Италија е нашиот капитен Горан Пандев!

Loading

Горан Пандев имаше разочарувачка сезона во дресот на Џенова, а повратникот во македонската репрезентација во Џенова пристигна како големо засилување од Галатасарај.

pandev genoa

Во текот на сезоната немаше никаво влијание врз играта на овој тим кој оваа сезона го освои 10-тото место.

Во традиционалниот избор на најдобрите и најлошите, странски, засилувања во Серија А, Горан Пандев беше сместен на петтото место на листата на најлоши засилувања.

„По Галатасарај, не ја оживеа кариерата во Џенова, одигра вкупно 825 минути и не постигна ниту еден гол.

Најлошо засилување во Серија А, според Газета Дело Спорт е Един Џеко од Рома, а зад него се Луис Адријано од Милан, Стеван Јоветиќ од Интер и Марио Суарез од Фиорентина.