По дебаклот и загубата на титулата, тренерот на Ајакс Франк Де Бур си замина!

Loading

Тренерот на Ајакс, Франк де Бур си замина од тренерската функција во Ајакс откако неговиот клуб во последното коло ја загуби шампионската титула во Холандија играјќи нагости 1-1 со Де Графшап.

Dutch Eredivisie - "Ajax v N.E.C."

Де Бур го раскина договорот со клубот, кој истекуваше во летото 2017 година.

Де Бур работеш во младинската школа на Ајакс во сезоната 2006/07, а го презеде првиот тим на 6 декември 2010 година и освои со тимот четири последователни шампионски титули во 2011. 2012, 2013 и 2014 година, како и Купот на Холандија во 2013 година.

Пред неколку дена агентот на Де Бур изјави дека неговиот клиент би сакал да го води англиски Евертон.

,,Поминав фантастичен период тука. Прво како играч, а во последните 10 години и како тренер. По освојувањето на четири шампионски титули по ред сезоната 2014/15 беше разочарување.

,,Работите сепак не се случија така, како што се надевавме. Лека полека сфатив дека е време за нешто друго.

Frank-de-Boer

,,Тоа е најдобро за мене и најдобро за Ајакс. Ова е мојот клуб и секогаш ќе остане таков. Сеуште не знам што ќе правам и каде ќе одам, изјави Де Бур.

Прв фаворит за местото на Де Бур од следната сезона е Петер Бош, кој е на чело на гигантот Макаби Тел Авив во Израел, а пред тоа го водеше Витесе.