Во дербито на Англиската премиер лига фудбалерите на Манчестер Сити и Арсенал ремизираа 2-2 во рамките на 37.коло, претпоследно, во Премиерлигата.
Сити не успеа да победи и многу веројатно ќе го загуби четвртото место, кое носи квалификации во Лигата на шампионите.
Манчестер Сити два пати водеше, имаше повеќе шанси, Бони во 88.минута ја погоди гредата, но Арсенал на крајот освои бод и му се доближи на два бода на вторпласираниот Тотенхем, кој претходно загуби од Саутемптон 1-2.
Сити водеше со головите на Агуеро и Де Брујн, но гостите ја стигнуваа предноста на противникот преку Жиру и Алексис Санчез.
Во пресрет на последното коло, Лестер е веќе шампион, Тотенхем е втор со 70 бодови, Арсенал има 68, Сити 65, но Манчестер Јунајтед има натпревар помалку и 63 бода.