ЦСКА Москва прва обезбеди фајнл-фор во кошаркарската Евролига

Loading

Кошаркарската Евролига го доби првиот патник на фајлн-фор турнирот оваа сезона.

milos-teodosic

Тоа е рускиот тим на ЦСКА Москва кои со 3-0 во победи ја совладаа Црвена Ѕвезда во четвртфиналната серија.

По двете тесни победи во Москва, ЦСКА третиот натпревар во преполната Арена во Белград го доби со 78:71.

Црвена ѕвезда уште еднаш му пружи силен отпор на фаворизираниот московски тим, но лошиот шут за три поени го однесе тимот во пораз.

ЦСКА клучната предност ја стигна во третиот период, благодарение на шестте тројки каде стекна предност од 12 поени.

Во последната четвртина домаќинот на нешто повеќе од четири минути до крајот се доближи на само поен негатива од 66:67, но и остана без енергија за целосен пресврт.

Милер со 15, односно Штимац со 12 поени ја предводеа Црвена ѕвезда, додека Де Коло беше најефикасен кај рускиот тим со 20 поени.

ЦСКА Москва 13-ти пат во последните 14 сезони ќе игра на завршниот турнир, а во полуфиналето ќе се сретне со победникот од серијата помеѓу Барселона и Локомотив Кубан.

Вечерва се играат три средби од четвртфиналето, Панатинаикос-Лаборал Куча, Барселона-Локомотив Кубан и Реал Мадрид-Фенербахче.