Игуаин не мрда никаде, Наполи спрема нов договор за аргентинецот!

Loading

Наполи подоготвува нов договор за својот најдобар играч и стрелец, Гонзало Игуаин. Аргентинецот, ја игра најдобрата сезона во кариерата, тој е прв стрелец во Серија А со 29 голови постигнати на 30 натпревари.

gonzalo

Игуаин е во борба за „Златната копачка на Европа, а е пред Кристијано Роналдо. Наполи на Игуаин му нуди нов договор, до 2020 година и годишна плата од 7,5 милиони евра.

Актуелниот договор на Аргентинецот според кој тој заработува 5,5 милиони евра годишно, истекува во 2018 година.

Во новиот договор би била вметната и откупна клаузула од 100 милиони евра, во актуелниот договор таа клаузула изнесува 94,7 милиони евра.

Според последните информации Наполи и Игуаин се блиску до продолжување на соработката, бидејќи напаѓачот бил задоволен од животот во Неапол.

Тој пристигна во Наполи пред 3 години од Реал Мадрид, а професионалната кариера ја започнал во Ривер Плата.