Мурињо се враќа во месец јули, но прашањето е каде?

Loading

Португалскиот стратег Жозе Мурињо потврдил дека на тренрската работа ќе и се врати на почетокот од јули, по крајот на актуелната сезона.

Chelsea's Portuguese manager Jose Mourinho arrives for a training session at Chelsea's training ground in Stoke D'Abernon, south of London, on February 16, 2015, ahead of their UEFA Champions League round of 16 first leg football match against Paris Saint-Germain FC in Paris on February 17. AFP PHOTO / BEN STANSALLBEN STANSALL/AFP/Getty Images

Тоа е потврда дека Мурињо ќе дојде на местото на својот ментор и пријател Луи ван Гал, кој константно ги разочарува навивачите со лоши резултати.

Мурињо во присуство на својот агент Жорге Мендеш ја потврди информацијата дека со менаџерската работа започнува во месец јули, но не прецизираше во кој клуб.

Мурињо доби отказ во Челзи во декември и речиси во истиот момент започнаа шпекулациите за неговото доаѓање во Јунајтед.

Тој досега никогаш јавно не сакаше да ја потврди поврзаноста со Олд Трафорд, но по многубројни извори е потврдено дека тој веќе ги има договорено сите детали со претставниците на клубот од Олд Трафорд.