Фудбалскиот клуб Барселона до сезоната 2021/2022 ќе го прошири капацитетот на својот стадион „Ноу Камп“ на 105.000 места.
На тендерот за дизајн и реновирање на стадионот победила заедничката понуда на јапонската компанија никен Секеи и каталонското студио на архитектите Џоан Паскал и Рамон Аусио.
Проектот ќе биде презентиран во нарендите недели, а реновирањето ќе започне следното лето.
Од Барселона изјавуваат дека победничкиот предлог е „отворен, елегантен, смирен, вонвременски и медитерански“.
Моментално стадионот Ноу Камп може да прими 99.354 навивачи и е најголем стадион во Европа, а отворен е во 1957 година.
Каков изглед ќе има новиот Ноу Камп погледнете го видеото…