Ракометарките на ЖРК Вардар вечерва го играат последниот натпревар од втората фаза во лигата на шампионките.
Тие гостуваат во Шведска кај екипата на Савехоф, а и на овој дуел вардарки ќе атакуваат на победа со која ќе ги зголемат шансите за освојување на второто место во групата кое носи полесен противник во четвртфиналето.
Но треба да се исполнат два услова за тоа посакувано второ место, треба да се победи најпрво Савехоф во гости, а потоа и тимот на Букурешт да го победи првопласираниот тим на Ѓер.
Натпреварот Савехоф-ЖРК Вардар се игра од 19 часот, а е во рамките од 2-та група се играат уште две средби, Букурешт-Ѓер и Будуќност-Митјиланд кои ќе се сретнат в недела.
На табелата Будуќност и Ѓер се на првото место со 13 вода, ЖРК Вардар има 12, Букурешт 9, Митјиланд 5 и Савехоф само 2 бода.