Фудбалскиот клуб Валенсија најверојатно нема да го менува тренерот.
По слабите игри и катастрофалните порази на Валенсија, на удар на критики беше новиот тренер Гери Невил, но сепак работите многу брзо се свртеа во корист на англичанецот.
Валенсија врза серија од три победи по ред, па раководството на клубот подготвува нов договор за англискиот стратег.
Гери Невил долго време се мачеше да дојде до првата победа во примера, а откако тоа се случи, сега се се промени.
Валенсија го победи Еспањол со 2-1, потоа ја уништи екипата на Рапид Виена со 6-0 во Лига Европа, а минатиот викенд славеше гостинска победа кај Гранада од 2-1.
Па така раководството на клубот од Местаља е задоволно од ваквиот развој на настаните и подготвува нов две годишен договор за Гери Невил, кој претходно потпиша до крајот на сезоната.