Тимот на Челзи со петарда го елинимираше Манчестер Сити од понатамошните натпревари од англискиот ФА куп односно во натпревар од осминафиналето.
Овој натпревар требаше да биде дерби во оваа фаза од ФА купот но тимот на Челзи конечно проработе како што и доликува на еден англиски шампион.
Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини, реши против Челзи во Лондон да настапи со комбиниран тим и тој експеримент го чинеше висок и убедлив пораз.
Диего Коста постигна гол за Челзи во првото полувреме, а резултатот на 1-1 го израмни Фуапала. Н
о во второто полувреме се случи вистинска рапсодија на ‘сините’ каде за 20 минути фудбалерите од Стемфорд Бриџ постигнаа 3 гола за 4-1. Вилијан во 48, Кејхил во 53 и Азар во 67 минута.
Потоа Оскар промаши пенал, а конечните Челзи-Манчестер Сити 5:1 ги постави Траоре Бертранд во 89 минута од средбата.
Покрај Челзи во четвртфиналето пласман обезбедија и Ридинд, Кристал Палас, Евертон, Вотфорт и Вест Хем.