МЗТ Скопје-Кожув и Куманово-Карпош Соколи се 1/2 финалните двојките на кошаркарскиот куп во Гевгелија!

Loading

На завршниот кошаркарски куп на Македонија познати се полуфиналните двојки каде ќе се сретнат МЗТ Скопје-Кожув и Куманово против Карпош Соколи.

kup

Денеска се одиграа сите 1/4 финални средби во Гевгелија, а меѓу најдобрите четири екипи се пласираа МЗТ Скопје, Кожув, Куманово и Карпош Соколи.

Во дебрито, Куманово го совлада Работнички со 85-79. Костоски со серија од 12 поени од вкупно 24-те на мечот ја направи решавачката разлика за победа на кумановци.

23 коша поситгна и Ракочевиќ, додека кај Работнички,Чековски беше прв стрелец со 28 коша.

Во последното четврфинале домаќинот Кожув избори победа од 68-56  над Фени Индустри каде гостите беа рмноправен противник, се до финишот.

Претходно, МЗТ Скопје и Карпош Соколи изборија полуфинале без поголем напор, најнапред МЗТ Скопје го совлада Бест 89-58, а потоа  Карпош Соколи ја надигра Струмица со 91-54.

Полуфиналните натпревари ќе се играат  денеска, а финалето е закажано за утре, недела од 19.30 часот.