Најдобриот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, ќе отсуствува од терените во следните два месеца откако ги повредил лигаментите на коленото.
Капитенот не патуваше во Данска на првиот меч на Европа лигата против Мидтјиланд, а неговиот тим загуби со 2-1.
Руни исто така е капитен на англиската репрезентација која во јуни ја очекува настап на Европското првенство, а напаѓачот неодамна изјави дека сака европска титула со Англија, како и освојување на Европската лига или ФА купот со Јунајтед.
Освен Руни, во Данска не отпатуваа и Фелаини и Дармиан кои се исто така повредени.
Покрај натпреварите од Премиер лигата Руни, ќе ги пропушти и дуелите од ФА купот и од Лига Европа, а постои можност да ги „прескокне“ и пријателските натпревари на Англија со Германија и со Холандија.