Наполи одново се врати на врвот на Серија А откако попладнево со 5-1 го победи Емполи.
Наполитанците во голем стил му одговори на Јувентус кој падна на второто место со 2 бода заостанување зад Наполи.
Емполи први поведоа во 28-та минута со голот на Паредес, но Наполи со головите на Игуаин и Инсигне дојдоа во водство до крајот на првото полувреме од 2-1.
На стартот на вториот дел Кампоресе си постигна автогол, а конечните 5-1 ги постави Шпанецот Калјехон со два погодоци во финишот.
Со оваа победа Наполи е прв со 50 бода, Јувентус е втор со 48, а Фиорентина е трета со 42 бода.
Дербито на колото се игра вечерва каде во миланското дерби на Сан Сиро ќе играат Милан и Интер.