На вториот ден во Мелбурн на тенискиот гренслем Австралија опен се случи и најголемото изненадување на турнирот досега.
Во 5 сета и по околу 5 часа игра во шпанскиот дуел, елиминиран беше Рафаел Надал од својот сонародник Фернандо Вердаско со 3-2 во сетови со 6-7, 6-4, 6-3, 6-7 и 2-6.
Иако го загуби првиот сет, Надал со пресврт поведе во сетови со 2-1, но потоа Вердаско собра сили и успеа да слави на крајот.
Температурите во Мелбурн беа над 30 степени, па затоа имаше и многу кои ги предаваат предвреме натпреварите, Шварцман предаде со Милман, додека Кевин Андерсон исто така се откажа во дуелот со Рама.
Мареј одигра одлично и славеше убедливо со 3-0 во сетови 6-1,6-2,6-3, по 2 часа игра, против Зверев.
Исто така одличен дуел одиграа и Жил Милер и Фабио Фоњини, а Милер славеше во четири тај брејка со 7-6, 7-6, 6-7, 7-6 и така го елиминираше 20-от носител.
Милош Раониќ немаше проблеми против Лукас Поиле, славеше во три сета, додека убедливи победа извојуваа и Фелисијано Лопез, Томаш Белучи и Гаел Монфилс.