5 првотимки на Вардар уште една година во црно-црвениот дрес!

Loading

ЖРК Вардар потврди дека пет првотимки, Ања Алтхаус, Амандин Лејно, Андреа Пенезиќ, Барбара Лазовиќ и Јованка Радичевиќ ги продолжија договорите со клубот.

vardarki

Женскиот тим на Вардар на тој начин ќе задржи поголем дел од екипата, а договорите со горе наведените ракометарки ќе бидат со важност од 1 година, освен Јованка Радичевиќ која останува во Вардар уште 2 години.

Така клубот е задоволен од ракометарките, а истите ги прифатија новите договори и ја продолжија верноста кој црвено-црниот дрес.

Вардарки следниот натпревар во ЛШ го игра утре против Будуќност во Подгорица.