Арјен Робен на излезни врати од Баерн Минхен!

Loading

Овој крилен играч на Баерн Минхен е на излезни врати од германскиот шампион поради се пократката минутажа кој ја добива од тренерот Пеп Гвардиола.

robben

Се шпекулира дека холандскиот репрезентативец Арјен Робен кариерата ќе ја продолжи во Турција.

Холанѓанецот оваа сезона не игра многу, а сеуште има проблеми со честите повреди.

До минатата сезона беше еден од најдобрите во Баерн, но сега дефинитивно не е во прв план бидејќи Даглас Коста е фантастичен оваа сезона, а игра на неговата позиција.

Сепак оваа состојба во Баерн, сака да ја искористи Фенербахче поради фактот што во турскиот тим игра Робин Ван Перси кој дојде минатото лето во овој клуб.

Ван Перси би можел да биде клучен за трансферот на Робен во турската лига.

Робен оваа сезона одигра 7 натпревари во Бундеслигата и постигна 3 гола.