Гасперини, тренерот на Џенова, не смета на услугите на Горан Пандев.
Тој не ја доби вистинската шанса во Џенова и е на излезните врати на клубот, а Аталанта е силно заинтересирана да го види Пандев во своите редови.
Главна мета на “црно-сините” во зимскиот преоден рок беше Усама Танане, но холандскиот фудбалер барал преголема плата, па така, нова желба е незадоволниот Пандев, кој исто така е интересен и Палермо и Торино.
Пандев би бил одлично засилување за тимот затоа што може да игра како втор напаѓач, зад Герман Денис, а исто така голем плус е и неговото искуство во Серија А.
Веќе се остварени првите контакти со Џенова за трансфер на Пандев, а целата ситуација и трансфер се очекува да се случи во следните неколку дена.
Пандев играше само 10 средби во Џенова каде не постигна ниту еден гол, а покрај Џенова Горан Пандев настапуваше уште и за Галатасарај, Наполи, Лацио, Интер, Специја и Анкона.