Проблеми во составот на Јурген Клоп, напаѓачот Фелипе Кутињо ќе отсуствува од терените поради повреда на задната ложа.
Кутињо се повреди на мечот со Стоук во полуфиналето на Лига купот кој Ливерпул го доби со 1-0, а бразилецот го напушти теренот во 18.минута.
На тој меч се повреди и Дејан Ловрен, а исто така е повреден и Коло Туре, a овие двајца нема да играат денеска на мечот со Екстер во ФА купот.
Германскиот тренер од претходно не може да смета на услугите на Мартин Шкртел, Џордан Роситер, Дивок Ориги и Даниел Стариџ.