НБА лига: Втор триумф по ред на Портланд, порази на Њујорк и Лејкерс

Loading

Само 4 натпревари се одиграа во НБА лигата.

nba1

Оклахома, предводена од триото Вестбрук-Дурент-Кантер славеше во дуелот со Денвер со 122:112. Вестбрук постигна 30 поени 9 скокови и 12 асистенции, Дурент уфрли 26, а Кантер 21 поен.

Кај Денвер дабл дабл учинок со 25 поени и 11 скокови имаше Кенет Фарид.

Портлaнд иако игра без својот најдобар играч Лилард, стигна до втората победа по ред. Најзаслужен за серијата на Портланд е Си Џеј Меколум кој одигра уште еден одличен натпревар во победата нагости кај Сакраменто со 98:94.

Меколум имаше учинок од 35 поени, 11 скокови и 9 асистенции. Сакраменто го предводеше Демаркус Казинс со 36 поени.

Бостон стигна до четвртата победа по ред, а Селтикси ги победија Никси со 100:91, а најдобри беа Ајзеа Томас со 21 и Еван Тарнер со 19 поени.

Њујорк загуби и покрај тоа што Кармело Ентони имаше учинок од 29 поени и 11 скокови.

Мемфис лесни се справи со ЛА Лејкерс со 112:96. Четврица играчи на Мемфис постигнаа двоцифрен број на поени, најефикасен беше Мајк Конли со 19, колку што на спортивната страна реализираше Коби Брајант.

За вечерва предвидени се 11 НБА натпревари.