Се сеќавате ли на Супер Марио Балотели? – Познато е каде ја продолжува кариерата!

Loading

Марио Балотели беше дел од италијанската репрезентација која го освои европското сребро во 2012 година, напаѓач на Интер во историската сезона 2009/2010-та кога клубот ја освои тројната круна и шампионската титула во Премиер лигата со Манчестер Сити.

Во текот на кариерата ги носеше и дресовите на Милан, Ливерпул и Марсеј, а последниот договор го одработи во турски Адана Демирспор.

Познатиот спортски медиум Ас пишува дека сега би можел да заигра во Шпанија.

Некогаш големата ѕвезда на италијанскиот и светскиот фудбал, но и играч за кој повеќето ќе се согласат дека го потрошил својот талент, се вели дека е во преговори со Интерсити, клуб кој се натпреварува во третото ниво на фудбалот во Шпанија.

Медиумот ги потврди преговорите меѓу клубот и 34-годишниот напаѓач, кој моментално е слободен играч.

Балотели летово се поврзуваше дури и со Целје, но тој не премина во словенечкиот шампион, па сега се уште бара клуб.

фото: Valerio Pennicino/Getty Images)

Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 650 илјади евра. Според истиот извор Балотели најмногу вредел во јуни 2012 година дури 32 милиони евра.