ШОК за Партизан и Црвена Звезда!? Разочараа во Евролигата па ги селат во Еврокупот?

Loading

Црвена звезда и Партизан имаа разочарувачка сезона во Евролигата, а се уште нема конкретни информации за составот на елитното натпреварување во следната сезона. 

фото: Espreso/Tamara Trajković

Ако некој од „вечните“ ја освои АБА лигата ќе обезбеди билет за елитата, но што ќе биде со другиот?

Големи се шансите и следната сезона да ги видиме двете белградски екипи во Евролигата, но се уште нема гаранции за тоа.

Директорот на Евролигата Паулијс Мотијејунас во интервју за „АС“ потврди дека еден од клубовите без лиценца ќе се пресели во Еврокупот, а причината е што Париз како победник во второто по ранг натпреварување има право на учество во Евролигата.

– За жал некој од, Валенсија, Алба и Виртус ќе мора да се откаже бидејќи влегува Париз. Сите имаат 20% шанси да не играат во Евролигата следната сезона. Сите се еднакви и партнерите ќе одлучат. Валенсија одигра добро во првиот дел од сезоната и гради нова, атрактивна арена. Голем чекор за клубот. Прават одлични, позитивни работи. Валенсија е клуб со иднина во Евролигата. Но, вистина е дека еден од овие клубови ќе мора да отпадне – изјави Мотијејунас за Мадрид Ас.

Одлуката со списокот на учесници во следната сезона во Евролигата ќе биде донесена по крајот на Фајнл-Фор турнирот во средината не месец јуни.