Екипата на телевизијата Алсат М е победник на годинешново издание на турнирот на Медиуми во мал фудбал кој синоќа заврши во организација на Спортско радио 90,3 ФМ во СЦ Јане Сандански.
Тие во финалниот меч го совладаа тимот на Нова Македонија со 3-1. Претходно во полуфиналето Алсат М славеше против Спортско радио 90,3 ФМ со 4-2, додека Нова Македонија го совлада Македонско радио со 4-1.
Во другите дуели:
Ревијални: КУД Танец – Глумци/Пејачи 3-1, женски фудал ДОЈРАН ИСТАТОВ – ДРАГОН 3-8, НОВИНАРКИ – ПЕЈАЧКИ 4-5, ГРАД СКОПЈЕ – АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ и СПОРТ 2-4.
ФИНАЛЕ (КОМПАНИИ) ТОТАЛ ТВ – АЛКАЛОИД 4-1,
ФИНАЛЕ (Петлиња) ФШ Вардар – ФШ Кул 1-0,
ФИНАЛЕ О.У. Љубен Лапе – О.У. Блаже Конески 2-0.