По Миротиќ, Партизан подготвува нова бомба!

Loading

Ваков преоден рок во српската кошарка не се сеќаваме! На двете страни на Калемегдан се активираат трансфер-бомби и се прават посилни тимови, се чини, за новата Евролига.

фото: Starsport

Како што објави специјализираниот кошаркарски новинар, Лука Д’Алесандро, нова мета на „гробарите“ е искусниот грк Ник Калатес (33).

Според неговите информации, шампионот во АБА лигата ја следи ситуацијата околу грчкиот плејмејкер, кој треба да го раскине договорот со Фенербахче.

Партизан досега во ист ден ги донесе повратниците Огњен Јарамаз и Матеус Понитка, а нов играч на Партизан од вчера е и Никола Миротиќ.