Барселона и Манчерстер Јунајтед добија големи казни од УЕФА!

Loading

УЕФА ги казни Барселона и Манчестер Јунајтед поради кршење на финансискиот фер-плеј.

уефа

Казната за двата клуба доаѓа пред стапувањето во сила на новиот систем заснован на ограничувањето на платите.

Барселона е казнета со 500.000 евра, бидејќи каталонскиот клуб во својот приход го вклучил и профитот од продажбата на нематеријалните средства.

Според прописите на УЕФА, само трансферите на играчи може да се прикажуваат како приход.

Јунајтед е казнет со 300.000 евра поради „ситно“ прекршување на финансиските правила.

Кипарски Апоел, турските екипи Коњаспор, Трабзонспор и Истанбул Башакшехир, белгиските Андерлехт и Антверпен, како и љубљански Олимпија, Слован Братислава и Рига се казнети поради прекршување на прописите.