По одличните игри во Лигата на шампионите и италијанското првенство, грузиецот Квича Кварацхелија од Наполи го привлече вниманието на многу посилни и побогати клубови.
Деновиве најчесто се пишува за можен трансфер во Челзи, а со него се уште се поврзува лондонскиот клуб.
Челзи размислува за понуда вредна 120 милиони евра, пренесуваат медиумите.
Освен Челзи, грузиецот е мета и на Баерн и ПСЖ, па ќе видиме каде ќе ја продолжи кариерата и дали Наполи ќе дозволи да си замине од клубот.