Фудбалската репрезентација на Македонија, 2015 година, ќе ја заврши на 136-та позиција на ФИФА ранг листата, што е најслаб пласман на националниот тим.
Во однос на рангирањето од минатиот месец, Македонија напредуваше за 3 позиции, откако во пријателски натпревари славеше над Црна Гора, а загуби од Либан.
Пред Македонија на листата се Палестина, Судан, Тајланд, Танзанија, Свазиленд, Намибија, Казахстан, Мадагаскар, Белизе, Литванија, Сирија.
Зад Македонија од европските селекции на листата се наоѓаат само шест селекции: Луксембург, Молдавија, Малта, Лихтенштајн, Сан Марино и Андора.
Во топ 10 листата, годината прв пат во својата историја како број 1 ќе ја заврши репрезентацијата на Белгија, зад неа се Аргентина која напредуваше за едно место, Шпанија која ‘скокна’ за три позиции, Германија која назадуваше за две места и Чиле.
Меѓу најдобрите 10 уште се наоѓаат и Бразил, Португалија која назадуваше за три позиции, Колумбија, Англија и Австрија.