НЕВЕРОЈАТНО! Лука Модриќ одби понуда од 600 милиони евра! – Кој го сака хрватот на 37 години?

Loading

Капитенот на Хрватска Лука Модриќ ја одбил фантастичната понуда од 600 милиони евра од саудискиот клуб Ал Хилал!

Информацијата ја исфрли италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио кој наведува дека саудискиот клуб му нуди на Модриќ тригодишен договор кој би му донел 200 милиони евра по сезона.

Сепак, капитенот на хрватската репрезентација нема да тргне по поранешните соиграчи Кристијано Роналдо и Карим Бензема кои за слична сума пари заминаа во Саудиска Арабија.

Договорот на Модриќ со мадридскиот клуб во кој дојде во 2012 година од Тотенхем истекува на крајот на јуни. Со Мадрид освои се што можеше и во 2018 година ја доби највисоката индивидуална награда – Златната топка за најдобар играч во светот.

Според неофицијален извор на плати на фудбалерите, Модриќ во Реал заработува околу 20 милиони евра годишно. Иако понудата од Саудијците е десет пати поголема по сезона, се чини дека нема да ја прифати и како што повеќепати кажа дека сака, кариерата да ја заврши во Реал.

За потсетување, оваа недела се пишуваше дека неименуван саудиски клуб му понудил на Модриќ 120 милиони евра за две сезони, по што наводно понудата била зголемена на 200 милиони евра во текот на три сезони.

фото: Profimedia

И шпански Релево тврди дека Модриќ размислува само за останување во Мадрид.

Го вознемириле приказните за саудиските понуди, пишуваат Шпанците, особено затоа што веќе потврдил дека сака да продолжи да игра за тимот на тренерот Карло Анчелоти, иако се очекува да има помала минутажа поради силната и многу помлада конкуренција во средниот ред, кој е зголемен со доаѓањето на фантастичниот талент на Џуд Белингам (19) од Борусија Дортмунд.

Модриќ очекува да игра во финалето на Лигата на нации со Хрватска, каде утре ќе игра против Шпанија, што може да биде негов проштален натпревар за репрезентацијата.

лука

Во пресрет на полуфиналниот натпревар против Холандија (4:2), рече:

„Што се однесува до иднината во Реал… . Веќе кажав сè, сè што би рекол сега би било повторување. Фокусот е на репрезентацијата. Кога ќе заврши Лигата на нации, тогаш можеме да разговараме за се.”

Вкупно за Реал одигра 488 натпревари, постигна 37 и асистираше на 77 голови.

Пет пати ја освои Лигата на шампионите, а три пати го освои шпанското првенство. Со Реал, во кој одамна стана клупска легенда, освои 23 титули.