(ВИДЕО) СКАНДАЛ во Мајами – Братот на Шакира го претепа Пике, мораше да реагира и полицијата!

Loading

Легендарниот фудбалер на Барселона, Жерар Пике наводно се скаралe со својата поранешна сопруга Шакира, a караницата завршила со претепување на Пике од братот на пејачката.

фото: twitter/Barça Universal

Ова го објави Телемундо, телевизиска мрежа за шпанското говорно подрачје, во една од своите емисии за славни личности.

Минатиот викенд Пике за прв пат ги посети децата по разводот со славната колумбијка, а Мајами ќе го памети по физичката пресметка со нејзиниот брат Тонино.

Шакира од неодамна живее во САД, но во договор со поранешниот сопруг со неа се и синовите Саша и Милан, каде има можност да ги види.

Првиот заеднички викенд го поминале во Мајами во луксузен хотел, но кога се појавила Шакира дошло до расправија.

Наводно, имало многу навреди, а потоа Тонино се вклучил за да ја заштити својата сестра и веднаш го удрил Пике, според Телемундо.

Тие се повикуваат на изјавата на Вероника Басто, која додаде дека полицијата морала да ги раздвои, а ниту една од страните не поднела пријава.