(ФОТО) Ѕвездата на Јунајтед е заљубен до уши – Цела Англија збори за неговиот потег од 270 илјади евра!

Loading

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд е главна тема на британските медиуми поради гестот кон својата избраничка.

Имено, Англичанецот „искеширал“ дури 270.000 евра за да изнајми приватен авион и да замине со својата девојка Лусија Лои на романтично патување во Њујорк.

Како што пишува британски Мирор, Рашфорд изнајмил Боинг 737, кој обично превезува преку 125 патници, а со љубовта на својот живот полетал во САД.

,,Ова беше голема работа, може да се каже дека Рашфорд е вљубен до уши – изјави еден од изворите за Мирор.

фото: DailyMail

Инаку, љубовта меѓу двајцата трае долго време. Тие се запознале на училиште во Манчестер кога имале само 15 години. Тие се верија минатиот мај.

Лусија е дипломиран маркетинг и бренд менаџер, а заедно со Маркус беше на Светското првенство. Некои навивачи го критикуваа Рашфорд за патувањето во САД, но на селекторот Герет Саутгејт не му пречи што го пропуштил националниот собир.