Често гледаме вистинска фудбалска мајсторија во најсилните лиги во светот, но често се случува фудбалер од клуб од „пониска класа“ да направи магија која го воодушевува целиот свет.
Таква ситуација сега ни доаѓа од Костарика, а вистинската магија со топката ја направи Карлос Ривера, фудбалер на Сантос.
Неговиот тим викедов го победи Алахуаленс со 2:0, а за голот на Карлос долго ќе се зборува.
Карлос ја прими топката во аголот на теренот, крај корнер знаменцето, потоа убаво се позиционираше и шутираше од позиција од која ретко кој би се осмелил да го испроба својот удар.
Тој се обиде, и успеа, а неговата мајсторија погледнете ја во приложеното видео.
Alajuelense 0 – [2] Santos | Carlos Rivera 90+5′ Amazing top bins curler from soccer