Најдобриот европски кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ денеска го слави 63-от роденден, а за него проговори и српскиот репрезентативец и члена на НБА тимот на Атланта, Богдан Богдановиќ.
Богдановиќ ни ја откри тајната зошто популарниот Жоч досега не се проба во НБА лигата како тренер на некој од клубовите…
,,Најважно кај Жељко е неговата способност да се мотивира, да работи и да напредува понатаму, да работи на подготовка на секој натпревар и да се натпреварува за секоја победа. Не доаѓаш кај него само да тренираш и да играш. Има многу, многу работа, тренинзите му се навистина напорни. Тој имаше огромно влијание врз мојата кариера. Во НБА лигата немаш време за толку многу работа, напредуваш од натпревар во натпревар, ги анализираш, можеш да работиш на движењата и шутирањето во скок. Сепак, продолжив да го негувам работниот дух на Жељко во НБА’, изјави Богдановиќ за агенцијата ЕФЕ, а пренесува „Танјуг“.
Ако има нешто што Жељко Обрадовиќ го нема направено во својата тренерска кариера, тогаш тоа е единственото нереализирано заминување во НБА лигата.
,,Знае многу кошарка. Но, морам да ви признаам нешто, ми рече дека не може да издржи толку паузи поради тајм-аутот, шоу програмата, забавната програма. Тој ја сфаќа кошарката многу сериозно. Можеби премногу сериозно. Таков е тој и многу го почитувам поради тоа. Кога гледам од страна, не гледам причина зошто да не дојде. Неговото разбирање на кошарката и спортот е различно од тоа како луѓето го гледаат овде, заклучи Богдановиќ.