Британската влада објави дека формирала независно регулаторно тело за англискиот фудбал кое ќе има задача да ги спречи клубовите да се приклучат во Европската Суперлига.
Една од целите е да се спречи затворањето на историските клубови.
,,Главните цели на ова тело ќе бидат да ги спречи англиските клубови да се приклучуваат на затворени натпреварувања, за кои се проценува дека ќе и наштетат на домашната лига. Целта е, исто така, да се спречи повторување на финансиските пропусти забележани во голем број клубови, како што се Бури и Маклсфилд. Планирано е да се заострат условите за новите сопственици и директори на клубови, со цел да се заштитат клубовите и навивачите. Навивачите ќе имаат можност да ги спречат сопствениците да го променат името на клубот, грбот и традиционалните бои. Исто така, сакаме да обезбедиме правична распределба на парите во англискиот фудбал, се вели во соопштението на Би-Би-Си.
Би-би-си потсетува дека шест англиски клубови, Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, беа меѓу 12-те клубови кои ја основаа Европската Суперлига во април 2021 година.
Тие клубови го напуштија натпреварувањето по два дена по бројните критики од навивачите и британската влада.