Нови проблеми за Бразил – По Нејмар и Данило им се повреди уште една ѕвезда во тимот!

Loading

„Кариоките“ обезбедија осминафинале на Мундијалот во Катар откако со 2-0 ја победија Србија.

фото: Profimedia

Дуелот против африканската селекција за бразилците нема никакво резултатско значење, но многу медиуми во Јужна Америка пренесуваат дека Тите на теренот ќе го испрати најсилниот можен тим.

Сепак, селекторот на Бразил има нов проблем со повреда бидејќи левиот бек Алекс Сандро го повреди левиот колк и искусниот специјалист реши да не ризикува и да го одмори.

,,Станува збор за повреда на мускулите во пределот на левиот колк. Тој нема да игра на следниот натпревар. Тој веќе е во процес на опоравување, се надеваме дека ќе успееме да го излечиме што е можно поскоро – изјави бразилскиот тимски лекар, Родриго Ласмар.

Кога станува збор за Нејмар, се е неизвесно, но во таборот на „кариоките“ се надеваат дека до почетокот на осминафиналето ќе можат да сметаат на напаѓачот на ПСЖ.

Одамна е познато дека десниот бек Данило ја заврши групната фаза по мечот со Србија.