ЗЕМЈОТРЕС на Апенините – Јувентус остана без претседателот и комплетната управа!

Loading

Се чини дека ни претстои големо „чистење“ во најтрофејниот клуб од Апенините.

фото: Profimedia

Вечерва од Јувентус си заминаа Андреа Ањели, долгогодишен претседател на Јувентус и Павел Недвед, потпретседател и десна рака на Ањели.

Оставки ќе поднесат и останатите членови на управниот одбор.

Ова го означува и крајот на ерата на Ањели, Андреа е на кормилото на торинскиот клуб од 2010 година. Очекуваме дополнителни и појасни информации, се очекува промена во целата структура на клубот.

Во наредните денови и месеци ќе дознаеме повеќе за причините за разделбата и за следниот претседател на клубот.

Засега е познато дека Аривабене, кој досега беше на функцијата извршен директор, ќе го води клубот во преодниот рок.