Легендарниот 48-годишен новозеландски ММА борец, Марк Хант на свој начин со нокаут во последната професионална борба ја заврши кариерата.
Во боксерски меч тој во четвртата рунда го нокаутира Сони Бил Вилијамс.
Ова е прва победа за Хант во боксерската кариера. Тој двапати го собори Вилијамс пред судијата да ја прекине борбата. Претходно претрпе два порази од Џон Вајборн и Пол Гален.
Хант во својата кариера двапати се бореше со легендарниот хрватски борец Мирко Филиповиќ. Во К1 загуби со одлука на судиите, а во ММА му го нанесе последниот пораз на Кро Коп во Јапонија пред да оди во УФЦ.
Хант ја заврши својата ММА кариера со 13 победи и 14 порази.
За Вилијамс, поранешен рагбист, ова е прв пораз во боксерската кариера, претходно победи во девет борби.
Погледнете ги борбите низ кариерата на Марк Хант….